Рециклирање (преработка на отпад или добивање на второсуровини) е преработка на користените материјали за добивање нови производи. Со овој процес се спречува губењето на материјали, намалувањето на потрошувачката на нови суровини, се намалува користењето на енергијата, се намалува загадувањето во воздухот и во водата. Се рециклираат многу видови на стакло, хартија, метал, пластика, текстил и електроника.
Речиси половина од отпадот што го создаваат луѓето може да се рециклира. Знакот за рециклирање има три стрелки кои ги означуваат трите фази: собирање, преработка и повторна употреба.
No comments:
Post a Comment