Енергијата е потребна за сите активности на човекот. Во денешно време сме толку зависни од неа што не би можеле да го замислиме животот без неа.
Постојат два основни вида извори на енергија: Необновливи извори: Фосилни горива (јаглен, природен гас, нафта)
Обновливи извори (вода, ветер, сонце, термални извори, биомаса и.т.н.)
Користењето енергија од необновливи извори предизвикува сериозни, негативни влијанија врз животната средина: oслободување отровни гасови, прав, чад и други загадувачи, промени и уништување на природната околина.
Покрај тоа што необновливите извори штетат, се смета дека и за скоро време ќе се потрошат.